Македонски англиски речник на идиоми. Зозе Мургоски

 

первоисточник

 

 

Предговор

Овој речник претставува прв труд од ваков вид во македонската лексикографија. Основната замисла ни беше македонските идиоматски изрази да ги спро-тивставиме и објасниме со соодветни англиски екви-валенти.

Идиоматски израз претставува состав од зборо-ви чиешто значење најчесто не може да се изведе од значењето на составните зборови во самостојна упо-треба. Збороредот на идиомот најчесто е неочекуван, необичен, нелогичен, а не ретко и неграматичен и, со исклучок на одредени делови (како на пр., времето на глаголот, заменските форми), составните делови нај-често се неменливи.

По својата семантичка и синтаксичка структура, како и по своите функционални особености, идиоми-те покажуваат мошне голема разновидност и не е секогаш лесно да се одредат ниту причините, ниту генезата на нивното настанување. Сепак, глобално земено, настанувањето на еден идиом се одвива во три основни стадиуми.

Во првиот стадиум, во јазичката практика одре-дена група на зборови се зацврстува како постојана и стабилна комбинација. Во вториот стадиум воспоста-вената зборовна комбинација поприма преносено или фигуративно значење. Во овој стадиум, во зави-сност од формата и значењето на идиомот, доаѓа до стеснување или проширување на употребата на изра-зот. Некои идиоми се прошируваат речиси во сите стилови и регистри, додека пак дистрибуцијата на други идиоми се ограничува само на одреден стил или регистар. Во последниот, третиот стадиум, со по-стојана употреба изразот поприма непроменлива “скаменета” форма. Ваквите идиоми ги нарекуваме вистински идиоми и кај нив, по правило, ниеден дел не може да се замени, ниту да се внесе нов дел, ниту пак да се измени нивниот збороред. Такви се, на пр., тури му пепел; тамам работа и др. Во вистински идиоми спаѓаат и поговорките како, на пр., рибата в море, та-вата на оган; угоре високо, удолу длабоко и др.

Во Речникот се поместени и заглавни единици кои не го достигнуваат третиот стадиум. Ваквите из-рази ги нарекуваме отворени идиоми и кај нив, барем еден дел се појавува со своето основно, буквално или нефигуративно значење и, во одредени случаи, ист-иот може да се замени со друг дел со поинакова лек-сичка содржина. Во оваа група спаѓаат идиоматски изрази од типот: црна овца, црн викенд; жешко праша-ње, жешка столица и др. Во Речникот исто така се обработени и извесен број колокации кои, по својата идиоматичност, се наоѓат на спротивниот крај од ви-стинските и отворените идиоми и нивното вклучува-ње е оправдано од чисто педагошки аспект.

И причините за настанување и употреба на идиомите се многубројни и разновидни. Меѓу други-те, секако е желбата на говорникот за впечатливо, пластично, метафорично и атрактивно изразување. Важна улога има и стремежот да се излезе од моното-нијата на дискурсот, да се избега од логичното кон нелогичното, од обичното, општоприфатеното и ба-налното кон необичното и апсурдното, од реалното кон иреалното. He треба да се заборави и улогата на сеприсутната тенденција во јазикот за економичност на исказот. Од овој аспект, идиомот претставува кон-дензатор par excellence бидејќи со неколку зборови се искажува она што најчесто не може да се искаже и со неко лку реченици. Меѓутоа, треба да се внимава да не се претера со нивната употреба. Честата употреба може да предизвика обратен ефект и исказот да изгу-би во свежина а идиоматските изрази да преминат во клишеа.

Во речников се обработени над 10 000 идиомат-ски изрази. При изборот на јазичкиот материјал нај-голема тешкотија претставуваше непостоењето реч-ник на македонски идиоми. Како главни пишани из-вори ни послужиј а Речникот на македонскиот јазик, збирката на Народни пословици и гатанки од Струга и струшко , и Речникот на македонската народна пое-зија. Одреден број идиоми се собрани од родени го-ворници на македонскиот јазик од разни краишта на Македонија, па оттука, извесен број од нив, се кара-ктеристични само за одреден јазичен простор. По-крај идиомите што често се среќаваат во современиот македонски јазик, во речникот на читателот му се презентираат и одреден број малку подзаборавени изрази кои, особено за помладите корисници, можеби ќе звучат архаично. Голем број идиоми, особено по-словици, вклучени во овој речник за првпат сум ги слушнал уште во најраното детство. Мојата мајка Каранфилка и за најобична случка имаше по неколку приказни, за секој збор напамет знаеше по грст идио-ми. Да не беше тој завет, јас можеби мојот живот ќе го посветев на нешто сосема друго. Вечна и памјат!

Упаства за служење со речникот

Заглавни единици

Заглавните единици се напечатени со полума-сни букви и поместени се по азбучен редослед под првата составна именка. Доколку нема именка, под првиот составен глагол, а доколку нема глагол, под првата придавка, првиот прилог итн.

Идиомите се претставени со највообичаената форма. Глаголите и глаголските изрази се предадени со трето лице еднина односно, со инфинитивната форма без партикулата to во англиските еквиваленти. Исклучок претставуваат идиомите кои најчесто се ја-вуваат само со една одредена темпорална форма.

По својата структура, влезната единица може да се состои од: еден збор, два или повеќе зборови (при-давка+именка, придавка+предлог, придавка +при-давка, предлог+именка, предлог+именка+предлог, именка + именка, глагол + прилог, глагол + глагол, глагол + предлог), или, каков што е најчесто случајот со поговорките, самостојна реченица.

Соодветства

Македонските идиоматски изрази се протолку-вани со соодветни англиски изрази. Неопходно е вед-наш да се нагласи дека англиските еквиваленти нај-често не можат едноставно да се пресадат во секој контест во кој се јавува македонскиот пар. Ова се должи на фактот што само мал дел од материјалот, од семантичка, синтаксичка, стилистичкаифункционал-на гледна точка, сосема се подудрува во обата јазика. Има и такви изрази за кои во англискиот јазик не постојат еквиваленти. Најчесто англискиот еквива-лент, барем во однос на еден од овие аспекти, се ра-зликува од македонскиот пар. Оттука произлегуваат и нијансирањата во значењето и употребата на екви-валентинте идиоматски изрази. Затоа, за секој маке-донски израз, најчесто се даваат по два, три или пове-ќе еквиваленти. Кој од овие изрази ќе се јави како еквивалент зависи од поширокиот контекст на кому-никацијата.

Знаци и ознаки

Некои заглавни единици имаат две или повеќе варијанти со идентично значење. Во речников алтер-нативните делови се изделени со коса црта. Така, изразите не го фаќа место, не го држи место, во речни-ков се предадени на следниот начин: не го фаќа/држи место.

Деловите на заглавните единици што можат да се изостават се ставени во мала заграда. Тоа значи дека идиоматскиот израз може да се јави со или без деловите во заграда: (уште) мириса на млеко = мириса на млеко; уште мириса на млеко; (ладен) како мраз = како мраз; ладен како мраз.

Заглавните единици покарактеристични за го-ворниот јазик и неформалниот стил се јавуваат со ознаката inf (informal = неформален), додека тие што се распространети само меѓу одредени социјални и старосни групи (средношколци, студенти, криминал-ци, полицајци, музичари и др.), се јавуваат со ознака-та si (slang = сленг). Ознаката taboo (забрането) обе-лежува изрази што припаѓаат на нестандарниот ја-зик и со нив, говорникот искажува лутина, бес, омраза и, пред се, некултура. Употребата на ови изрази треба да се одбегнува, особено во учтиви говорни ситуации и пред лица од понежниот пол.

Некој, некому, му, некого, го, нешто

При предавањето на идиомите, исклучително е важно да се одреди положбата и лексичките особено-сти (во однос на опозидијата лице – предмет) на суб-јектот, директниот и индиректниот објект. Во маке-донските идиоми, кога станува збор за лице, се јавува зборчето некој односно, некому/му за индидректен и некого/го задиректен објект, додеканештоупатувана предмети: не му се сите на број; ветар го вее. Во англи-ските соодветства се јавуваат скратенките sb (somebody = некој) за лице visth (something = нешто) за пред-мети.

Овде накратко ќе ја објасниме и употребата на неопределените заменски форми во англиските екви-валенти. Заменките one, one’s и oneself ce јавуваат кога се однесуваат на говорникот или на субјектот на пре-дикациј ата: save one’ s bacon = he saved his bacon, you saved your bacon, но не *уои saved my bacon.

One може да се замени со me, you, him, us, them; one’s co my, your, his, our, their; oneself co myself, yourself, himself, ourselves, yourselves, themeselves. Sb, sb’s и himself ce јавуваат во идиоми кадешто можат да бидат заме-нети со која било именка или именски израз: the time is not on sb’s side = the time is not on my/your/his/John’s side. Идиомите bo заповедна форма ce јавуваата со ознака-та imper (imperative = заповеден начин).